Thursday, 13 December 2012
Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками
Колку интересна е човечката психа, или, како што Hajime, нараторот на овoj роман на Харуки Мураками на тивка психолошка моќ, го става, "Човечко суштество може, само со своето живеење, да оштети друго човечко суштество без да се поправи." И кога тоа ќе се случи, личноста која предизвикува штета е засекогаш повредена исто така.
"Може сум ја изгубил можноста некогаш да бидам пристојно човечко суштество," Hajime вели како што го минува својот 20ти роденден. "Грешките што ги направив - можеби тие биле дел од мојот живот со многу шминка, неизбежен дел од моето битие." Грешките што Hajime ги објаснува во "јужно од граница та, западно од сонцето" не се повеќе од вообичаениот акт на себичноста, луѓето се склони да ги извршуваат без искуство и задоволство.
Централна фигура е Hajime, роден, како што нѝ кажува на првата страница, на почетокот на втората половина на векот, но тој е многу "просечно" лице од "типично" семејство. Тој е, со други зборови, член на генерацијата што повторно ја населува Јапонија по Втората светска војна. Ако има нешто необично во врска со Hajime е тоа што тој е само дете на кое му пречи што други луѓе претпоставуваат дека мора да бидат ''ограбени, слаби и егоцентрични.'' Во својата осаменост и чувство на изолација, Hajime има само еден вистински пријател, една девојка по име Shimamoto.
Shimamoto има детска парализа, детството ја остава со една нога пократка и таа мора да поткривнува кога оди. Тие имаат врска која опстојува само во нивниот свет, но која се растура кога родителите на Shimamoto ќе се преселат далеку од главниот лик. Она што оваа книга го нуди не е само тоа што може да се прочита. Ние се задлабочуваме и започнуваме да размислуваме како авторот.
Се чита во еден здив, а се памети вечно.
„Мемоарите на една гејша“ - Артур Голден
Делумно историски роман, делумно бајка, делумно романса, ова не е само роман полн со добродушни портрети на жени, туку и вешто набљудувана слика на еден необичен, и во голема мера, исчезнат свет. Во ист миг ни се откриваат сјајот и бедата на еден далечен свет, темелите врз кои тој е изграден, сфаќањата и вредностите на една култура. Во тој утврден систем, се одвива една индивидуална судбина, животот на едно човечко суштество чии желби, радости и таги, забранета љубов и страдање се борат со санкциите и ограничувањата; и во таа неизвесна битка, гејшата Сајури настојува да го осмисли сопственото постоење, да ја достигне сопствената среќа. Толку далечна, а сепак толку блиска и дофатлива приказна.
„Хари Потер“ - Џ.К.Роулинг
Не верувам дека некој не слушнал за волшебникот Хари. Како и да е, „Хари Потер“ е серијал од седум фантастични книги напишани од британската авторка Џ. К. Роулинг. Книгите ги следат авантурите на адолесцентниот волшебник Хари Потер и неговите најдобри пријатели Рон Визли и Хермиона Гренџер, од кои сите се ученици во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. Централното дејствие се сосредоточува околу борбата на Хари со злобниот волшебник Лорд Волдеморт, кој ги убил родителите на Хари во походот да го освои волшебничкиот свет и да го потчини неволешбничкото општество. Направени се неколку успешни филмови, видеоигри и други разновидни трговски производи базирани на серијалот.
Хари Потер и Каменот на мудроста
Хари Потер и Одајата на тајните
Хари Потер и Затвореникот од Азкабан
Хари Потер и Пламениот пехар
Хари Потер и Редот на фениксот
Хари Потер и Полукрвниот Принц
Хари Потер и Реликвиите на смртта
Деловите по хронолошки ред:
Хари Потер и Каменот на мудроста
Хари Потер и Одајата на тајните
Хари Потер и Затвореникот од Азкабан
Хари Потер и Пламениот пехар
Хари Потер и Редот на фениксот
Хари Потер и Полукрвниот Принц
Хари Потер и Реликвиите на смртта
„Рингишпил“ - Јелена Бачиќ Алимпиќ

Знаеше дека го сака него, единствениот, со страсна длабока и листа немерлива љубов. Сите останати љубови во нејзиниот живот беа само бледи копии на тоа незаборавно чуство за блискост; таа припадност кон друга душа, во која се скриени нејзините огледала, со неописиви елегантни и нежни емоции.
Јелена Бачиќ Алимпиќ испишува интимна приказна за балерината со нежно тело и џиновски дух, која остава печат на сите славни балетски сцени, градејќи приказна за малите-големи луѓе, за салашарите и уметниците, поетите и нивните музи, за утратата што мирисаат на слатко од дуњи и незаборавни руски зими.
„Сенка на ветрот“ - Карлос Руис Сафон

Барселона 1945.
Градот полека ги завлекува раните од војната, а Даниел, син на трговец со антикварни книги, дете што тагува по својата изгубена мајка, си наоѓа утеха во мистериозната книга Сенка на Ветрот, што ја напишал извесен Хулијан Караш. Но, кога почнува да бара и други наслови од истиот автор, доаѓа до шокантно откритие: некој систематски го уништува секој примерок од книгите што ги напишал Караш! Даниел можеби го има последниот примерок. Наскоро неговата привидно безизлезна потрега ја отвора вратата на една од најмрачните тајни на Барселона – епска приказна за убиства, лудило и проколната љубов.
„Без збогување“ - Линвуд Баркли
Се будиш едно утро и сфаќаш дека го нема твоето семејство, помислуваш дека заминале порано од дома за да не се сретнат со тебе после карницата од претходната вечер.
Разгледуваш наоколу, гледаш нема подготвено појадок, си помислуваш сигурно оставиле порака. Но, за жал нема трага дека тие ја поминале ноќта во своите кревети.
Се прашуваш: Што се случува? Каде заминале? Ако им се случило нешто, зошто останав само јас поштедена? Следат милиони тешки прашања на кои не може да се одговори...
Ова ѝ се случи на четиринаесетгодишната девојка, Синтија Биж која го изгуби своето семејство и се справуваше со таа траума цели 25 години, сè до еден ден кога доби писмо во кое тешко се наоѓаа одговори и ја зголеми нејзината надеж дека можеби сега ќе открие што се случило со нејзиното семејство. И дозна дека пребарувањето во минатото може навистина да биде исполнето со тешкотии и ризици.Оваа книга е прекрасен трилер кој не ви дозволува да ја оставите затворена сè додека не се откријат најдлабоките мистерии кои ве тераат да читате до самиот крај.

„Клетници“ - Виктор Иго
„Не е страшно човек да умре, страшно е да не живее“

,, .. Постои една глетка што е поголема од морето, тоа е небото;
Постои една глетка што е поголема од небото, тоа е внатрешноста на душата.. ‘‘
Клетници е француски роман од авторот Виктор Иго напишана во 1862 година, и нашироко се смета дека е еден од најзначајните романи на деветнаесетиот век. Ги следи животите и интеракциите на неколку француски ликови во период од 17 години во почетокот на 19 век, Клетници содржи многу заплети, но главната нишка е приказната на поранешниот осуденик Жан Валжан (познат по неговиот затворски број 24601) кој станува олицетворение на доброто во светот, но не може да го избегне неговото страшно минато.
Популарноста на оваа новела почнува со нејзиното издавање, а продолжува до ден денес, и многумина ја гледаат како една од најважните новели некогаш напишана. Врз нејзина основа се снимани филмови, се изведувани многу театарски претстави
Последниот чај - Винка Саздова
Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За
да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од
Последниот чај можеш и ти!Препушти ѝ се да те одведе.......до самиот
себе!!!!!!!
Како
топол утрински чај, романот на Винка Саздова, повикува на будење, расонување од
она што нараторот не е, и свесност за она што е, она што се Саздова, што се
ликовите во романот, што е читателот...
„Последниот чај“ е спокојна приказна за копнежите по
спокојството.Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè
охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се,
убави или грди, сеедно.
Ова е
роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се
останува долго време.
Толку
долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја
чита.
Чајот
како метафора на животот, како оние миниметафори на дневникот, книгата, но
најмногу чајот... оној за кој е сеедно од што е... едноставно е чај... билки и
топла вода... И, кога еднаш очите на вистината ќе погледнат преку очите на
родителот, преку текстот, останува само таа, вистината, вистината за љубовта,
вистината за самата вистина.
Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а
цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат
и претвораат во спокојство.
Купи ја книгата
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=62Девствено сино - Трејси Шевалие
I .
Француско средновековие, патријархален брак, црвенокоса приврзаничка на
Девицата Марија.
II .
Преселба и адаптација, навидум совршена врска, единствениот Париз.
Сплет на
две историски судбини, мистеријата на сината наметка и неминовната трагична
жртва на малечката црвенокоса... Чудесна приказна за две жени, родени во
различни времиња, кои ги поврзува длабока семејна нишка.
Ела
Тарнер дава сè од себе за да се вклопи во малата, цврсто поврзана заедница на
француското гратче во кое се доселува. Дури и повторно го презема презимето
Турние и го обновува гимназиското познавање на францускиот јазик. Избегнувана и
осамена, чувствува потреба да ги проучи своите претци од фамилијата Турние, а
исходот од тоа истражување ќе биде неочекувано болен.
Wednesday, 12 December 2012
Славни во смртта - Нора Робертс
Славни во смртта е продолжение на книгата Голи во смртта на Нора Робертс, во тоа време пишувани под нејзиниот псевдоним J.D ROBB. Книгите се поврзани, но секако можат да се читаат и независно една од друга. Во секој случај комплетната слика ќе ја имате доколку по правилниот редолед ги прочитате двете, значи најпрво Голи во смртта, а потоа Славни во смртта. Ако повторно очекувавте од Робертс некое лесно љубовно романче кое ќе ве наполни до даска со позитивна енергија тогаш ќе морам да ве разочарам и да ви кажам дека тоа нема да го добиете. Она кое ќе го добиете сепак и не е така лошо, напротив, одлично е!
Добивате еден одличен трилер кој така добро ќе ве извози од првата до последната страна што ќе бидете изненадени.
Детективката Ив која одлично се снајде со решавањето на сериското убиство во претходниот дел сега повторно е ставена пред еден голем предизик.
Умираат жени... не, поточно, некој убива жени. Убива само жени. Убива само славни, успешни, познати кариеристки. Кој е убиецот и како да се пронајде истиот кога толку многу луѓе имаат мотив за убиство?
Ми се допадна тоа што навистина не можев да сфатам кој е убиецот! Дури кон крајот на книгата, кога веќе почнуваат малку по малку да се отвораат картите, тогаш почнувате да се сомневате во вистинската личност.
Друга работа која ми се допадна во врска со оваа книга е тоа што покрај одличниот трилер кој цело време ве држи во неизвесност, во книгата има испреплетена љубовна приказна. Тоа не е „лигава“ приказна која е ставена во центарот на книгата туку е приказна која се провлекува во текот на целата книга и дава дополнителна убавина на секоја страна.
Генерално, книгата со своите два дела навистина ми се допадна и сметам дека е добро тоа што овие книги се воделе под псевдонимот бидејќи имате чувство како да се работи за сосема друг писател, а и самата книга е како да е напишана од друг писател.
Би ја препорачала на секого да ја прочита!
Прашање на избор - Нора Робертс
Џесика е една прекрасна, нежна девојка која изгледа преубаво и потекнува од едно богато семејство. Таа иако нема потреба од дополнителни примања, за свое лично задоволство и од љубов кон антиквитетите води една своја антикварница. Но, позади она што таа го гледа се случуваат и нешта за кои таа не знае, а истите можат да го доведат нејзиниот живот во опасност. Имено, криумчарење на скапоцени камења се врши токму преку антиквитетите кои таа ги продава во Лондон. Затоа, темнокосиот, згоден мачо наредникпротив своја волја е испратен да биде нејзина „дадилка“ која треба да ја заштити.
Нормално тој е прикриен со добра приказна бидејќи таа не би дозволила да биде чувана од страна на некој полицаец, а исто така би било премногу опасно веднаш да дознае што се случува во нејзината продавница.
Џесика и Слејд се чиста спротивност еден на друг, како вода и масло, тие не можат да одат заедно, не можат да се спојат. Таа е нежна, богата, подготвена да љуби, а тој е дрзок, безобразен, далеку од богат и преплашен на смрт од идејата да биде вљубен или љубен од страна на оваа „богаташка“, како што тој ја нарекува. Да, низ книгата ќе прочитате различни навреди за неа од него, идиот, сноб... но тој секако нема да биде доволно силен за да одолее.
Нора Робертс уште еднаш ќе Ве фати за рака и ќе Ве поведе по страниците на својот роман за многу кратко време. Нема да почувствувате досада. Трилер елементи испреплетени со романтичните моменти кои го носат печатот на раскажувањето на Робертс. Реални ликови, полни со живот, убаво претставени и уште поубаво инкорпорирани во една приказна...
Секој прочитал нешто од Нора Робертс знае дека не може да очекува на крајот да остане стаписан или затечен затоа што не можел да го предвиди крајот на настаните, па сепак ова не е Шелдон, Ладлам или Браун. Знаеме дека Робертс крои лесни приказни кои се читаат во еден здив.Но, за сите оние кои ги сакаат сите книги, исто како мене, без разлика дали се тоа напнати трилери, трогателни драми, литературни евергрини и слично, оваа книга ќе им се допадне. Уживајте!

Паднати Ангели - Нора Робертс
Рис Гилмор бега од „демоните“ кои ја прогонуваат откако ќе биде единствената преживеана од едно масoвно убиство.
Постојано во исчекување дали ќе ја пронајде убиецот и ќе го доврши тоа што го започнал таа доаѓа во државата Вајоминг во едно мало и зафрлено гратче Angels Fall.
Кога прв пат ќе го види гратчето таа едноставно решава дека ќе остане тука и повеќе нема да бега туку ќе се соочи со своите демони и панични напади.
Angels Fall (така е и оргиналниот наслов на книгата) е мирно место во кое живеат мирољубиви луѓе, а меѓу нив е и неодамна доселениот Броди.
Еден ден додека Рис оди на прошетка по планината, го сретнува Броди, но не му обрнува внимание и продолжува понатаму, а таму... горе... од другата страна на провалијата гледа... неверојатна глетка... дали тоа на неа ѝ се случува... не не е можно!? Гледа маж и жена, се караат, тоа станува агресивно... ништо не се слуша, многу е далеку... тој е над неа... ја убива...
Се поставуваат многу прашања:
Дали навистина се случи тоа?
Кои беа тие?
Како ќе се справи Рис со ситуацијата која ѝ се наметна?

Краеви и Почетоци - Нора Робертс
Решив да прочитам нешто што досега ретко сум читала, да речеме на пример љубовен роман, но во мојата малечка библиотека не најдов ништо такво, освен една книга која веќе ја имав прочитано. Подоцна на мојот роденден, како подарок ја добив оваа прекрасна книга Нора Робертс - Краеви и почетоци. Книга побарав - книга добив!
На задната корица пишува: „Младата ТВ Новинарка Оливија Кармајкл, желна за успех во кариерата и длабоко повредена од љубовниот живот, го сретнува нејзиниот директен ривал, познатиот и популарниот ТВ Новинар Т.Ц. Торп. Приказната започнува...“
Овие две реченици ме освоија и останав будна цела вечер само за да ја прочитам. Едноставно не можев да ја оставам настрана иако можеби и повеќе ќе уживав во речениците ако бев малку повозрасна...
Кој ќе добие подобра приказна? Торп или Кармајкл? Веќе една година, Торп ја посакува совршената Кармајкл веќе подолго од една година, но таа, пак, не може да го поднесе фактот што тој секогаш пред неа ги добива сите важни приказни и репортажи... А потоа, поради сплет на околности, ривалите стануваат премногу блиски.
Тие се совладани од желбата еден за друг, од страста и потребата за допир. Кармајклова совршено ги контролира своите чувства и го чува високо подигнатиот штит околу неа, се додека Торп не ѝ се приближи - тогаш станува ранлива на неговите бакнежи. Откако Торп ќе успее да го пробие тој цврст штит, таа практично му ја отвора својата душа, му се препушта на човекот за кој порано гаеше само чувства на бес и мала завист.
Иако Лив не верува во сигурноста во тврдењето на Торп, го прифаќа обложувањето.
П.С. Потоа, за жал (или за среќа!), му должи 100 долари...
Голи во смртта - Нора Робертс

Ова е првата од „Во смртта (In Death)“ серијата на Нора Робертс, која ја пишува под псевдонимот Џ.Д. Роб. Книгата ја купив на ланскиот саем во српско издание. Барав криминалистички роман, а она што го прочитав на задниот дел од книгата го привлече моето внимание и решив да ја купам... Дефинитивно не погрешив.
Точно како што пишува на задниот дел од книгата: Совршен баланс на напнатост и врела романса... навистина сјајна забава... секако ќе посакате уште.
Во продолжение, почнувам со она што уште пишува на задниот дел од книгата поткрепено и дополнето со мое мислење.
Ив Далас е детективка во полицијата во Њујорк која живее за својата работа. За повеќе од десет години колку што е во служба, видела сè - и знае дека нејзиниот опстанок зависи од инстинктот. Но, таа оди против сите предупредувања кои ѝ кажуваат да не се впушта во врска со Рорк, харизматичен ирски милијардер и осомничен во последната истрага за убиство која ја води токму Ив.
Една лиценцирана проститутка е ладнокрвно убиена во својот кревет... Три истрели од антиквитетно оружје. Еден во челото, еден во градите и еден во гениталиите. Покрај неа стои пораката ЕДНА ОД ШЕСТ! Што кажува дека ова е само почеток на серијата убиства кои помалку или повеќе водат токму кон Рорк.
Дали женската интуиција на Ив ќе биде во право или ќе ја изневери носејќи ја во рацете на убиец?
Трилер составен од неколку морничави, несекојдневни приказни... зачинет со гнасотијата на инцестот и родосквернавењето... Прв од серијата книги на Робертс кој навистина верувам дека ќе ви се допадне како и на мене.
Tuesday, 11 December 2012
Дебитантка - Даниела Стил
Семејството Рубинштајн е современо, совршено семејство какво што секој би посакал. Олимпија Рубинштајн, некогаш Крофорд е правник има три деца од првиот брак и едно од вториот со Хари. Поради бракот со Хари таа се преобратила и преминува во еврејската вера, но децата од првиот брак ги воспитува да си ја почитуваат својата вера и нормално еврејската, така што ги празнуваат сите празници и католичките и еврејските. Во таква една идилична атмосфера живеат Рубинштајнови.
Но... еден петок доаѓа една покана за двете девојки во семејството.
Тие се матурантки и близначки,но со дијаметрално спротивни сфаќања.
Едната Вероника со омраза кон расистите и оние кои ги делат луѓето по народноста,по религијата и која се залага за мир во светот, за нејзиниот вистински татко таа е комунист, за самата себе таа е обединување на Мајка Тереза и Че Гевара.
Другата Вирџинија не ја интересира политика,само сака забава, сака да чита модни списанија, да се дотерува според највисоката мода. Тој петок поканата беше по повод балот кој се организира традиционално и тоа за нив двете бидејќи се со сина крв, мајка им припаѓа на благородничко семејство. Вероника го смета балот за антисемитски, расистички, неетички и не сака ниту да слушне да оди, додека Вирџинија очајно сака да оди.
За да биде уште повозбудлива ситуацијата и нивниот очув Хари се согласува со Вероника.Оливија е растргната меѓу два огна, но и таа сака нејзините керќи да одат на тој бал и смета дека тоа е само обичен бал и дел од традицијата, нејзината баба, а потоа и нејзината мајка и самата таа учествувале на тој бал. Балот се организирал еднаш годишно учесничките биле млади девојки со нивните родители, но предуслов да бидат поканети било нивното потекло.
Целта на овој бал била да се претстават младите девојки пред високото друштво,девојката првин требало да игра со својот татко, а потоа со придружникот и да биде официјално претставена.
Дали ќе се појават двете Пепелашки на балот или не останува сами да откриете.

„Демијан“ - Херман Хесе
Демијан е вистинско животно дело позади кое стои познатото име од светската литература - Херман Хере. Во оваа книга овој светски писател пишува за една најзначајна тема во животот на еден човек, спознавањето на себеси. Тоа е и целта на нашиот живот, кога се спознаваме себеси, го познаваме и целиот свет. Главниот лик во книгата е Синклер, една изгубена душа која се наоѓа помеѓу два света. Едниот е добар - неговиот дом, другиот е лош, оној надвор од неговиот дом. На крстосницата на животот, кога треба да донесе одлука по кој пат ќе тргне и дали ќе стане човек, да, и тоа не е лесно, да станеш човек, зашто има и такви кои до крајот на животот остануваат на најниското ниво на својот развој, без да станат луѓе. Иако немоќен и збунет, носејќи го знакот на смелост, ќе се најде некој кој ќе го насочи на вистинскиот пат. Тоа е Демијан.
Трнлив е патот до осознавањето на себеси, Синклер ќе треба да го искуси и злото, за да го обликува својот знак и да го пронајде Демијан во себеси.
Книгата е генијално дело кое во различни фази од животот различно се доживува но, сепак од неа се издојува единствената и безвременска порака за себеспознавањето

Интимните животи на Пипа Ли - Ребека Милер
Интимните животи на Пипа Ли е неверојатно мудро и вешто напишано дело кое ќе ве остави без здив доколку го прочитате! Оваа е една книга која лично мене многу ми се допадна иако искрено не очекував многу од неа...
Тоа е роман во кој доста умешно е вкомпонирана една животна приказна за нејасните и збунувачки патишта што ги минуваме и кои прават од нас тоа што навистина сме.
Читајќи ја имате чувство дека полека како во сон ви се разоткрива дејствието, а воедно имате чувство како да пронаоѓате врата во својата соба која до сега не сте ја забележале, па од љубопитност ја отворате, а од другата страна наидувате на еден цел свет за кој не сте знаеле дека постои...
Така и Пипа Ли мислејќи дека живее среќен и мирен живот исполнет со љубов ненадејно станува сведок на спротивното! Воопшто не била свесна за некои работи...
Ребека Милер го преточила она што сите го знаат, но не сакаат да си го признаат... дека е невозможно да се разоткрие животот во целина!!!

Sunday, 9 December 2012
Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер
Никаде без ќерка ми е автентичена приказна за љубовта,
за личната драма, за траумите и понижувањата на една современа Американка.
Бети по
неуспешниот брак се вљубува во штотуку дипломиран лекар - Иранец. Љубовната
идила по две - три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар
одлучува да го посети Иран заедно со нивната тригодишна ќерка.
Иако Бети
се плаши дека оттаму нема да се врати, сепак одлучува да го придружува својот
сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се случуваат крупни
политички промени, односно кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран
станува Исламска Република.
Нејзините стравувања многу брзо
стануваат реалност: Таа со
својата ќерка Махтуб станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг
Муди. По низа драматични случувања таа успева да избега од Техеран со својата
ќерка и да замине за САД.
Никаде без ќерка ми е книга
за бескрајната мајчинска љубов и издржливост, но и за муслиманскиот фанатизам,
како и за сударот помеѓу западната култура и културата на исламските државни
уредувања.
Купи ја книгата
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=334
Купи ја книгата
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=334
Subscribe to:
Posts (Atom)