Никаде без ќерка ми е автентичена приказна за љубовта,
за личната драма, за траумите и понижувањата на една современа Американка.
Бети по
неуспешниот брак се вљубува во штотуку дипломиран лекар - Иранец. Љубовната
идила по две - три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар
одлучува да го посети Иран заедно со нивната тригодишна ќерка.
Иако Бети
се плаши дека оттаму нема да се врати, сепак одлучува да го придружува својот
сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се случуваат крупни
политички промени, односно кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран
станува Исламска Република.
Нејзините стравувања многу брзо
стануваат реалност: Таа со
својата ќерка Махтуб станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг
Муди. По низа драматични случувања таа успева да избега од Техеран со својата
ќерка и да замине за САД.
Никаде без ќерка ми е книга
за бескрајната мајчинска љубов и издржливост, но и за муслиманскиот фанатизам,
како и за сударот помеѓу западната култура и културата на исламските државни
уредувања.
Купи ја книгата
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=334
Купи ја книгата
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=334
No comments:
Post a Comment