Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За
да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од
Последниот чај можеш и ти!Препушти ѝ се да те одведе.......до самиот
себе!!!!!!!
Како
топол утрински чај, романот на Винка Саздова, повикува на будење, расонување од
она што нараторот не е, и свесност за она што е, она што се Саздова, што се
ликовите во романот, што е читателот...
„Последниот чај“ е спокојна приказна за копнежите по
спокојството.Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè
охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се,
убави или грди, сеедно.
Ова е
роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се
останува долго време.
Толку
долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја
чита.
Чајот
како метафора на животот, како оние миниметафори на дневникот, книгата, но
најмногу чајот... оној за кој е сеедно од што е... едноставно е чај... билки и
топла вода... И, кога еднаш очите на вистината ќе погледнат преку очите на
родителот, преку текстот, останува само таа, вистината, вистината за љубовта,
вистината за самата вистина.
Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а
цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат
и претвораат во спокојство.
Купи ја книгата
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=62
No comments:
Post a Comment